Холандскиот дизајнер Antoine Peters ја претстави апликацијата која има за цел да одговори на прашањето „дали постои некој друг во светот кој во истиот момент го прави истото“. Апликацијата наликува на Snapchat, па дури и на Chatroulette и го промовира истиот начин на спонтаност. Меѓутоа, овозможува и инстант врска со некој кој е од другата страна на светот, а можеби и никогаш не сте го слушнале. Таа веќе може бесплатно да се симне.
Tworlds е едноставна апликација. Прво што треба да се направи е корисникот да се пријави притоа да и дозволи на апликацијата да ја знае неговата локација, но само за во кој град се наоѓа. Потоа може да се избери една од 20-тината инструкции. На пример, ако напише #rainbow (#виножито) и прикачи фотографија од виножито, апликацијата веднаш ќе ја сподели фотографијата со некој кој, во истиот момент, го прави истото. За возврат, корисникот ја добива туѓата фотографија.
Peters смета дека апликацијата може да предизвика повеќе видови искуства, од конкурентни и разиграни, до оние кои се соочуваат со сериозна осаменост. Во пракса, апликацијата може да изгледа здодевна. Tworlds не нуди можност за филтри или опции за едитирање на фотографијата.