Двете членки на панк бендот Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Алјохина се приведени во Сочи. Тие се наоѓале на аеродромот и разговарале со новинари кога полицијата ги уапсила, раскажува сопругот на Толоконикова.
Локалната полиција сè уште не ги потврдува информациите.
Наводно, двете девојки планирале да снимат песна на англиски јазик со наслов „Putin will teach you love the homeland“ („Путин ќе те научи да ја сакаш татковината“).
Толоконикова на Твитер постираше фотографија за која тврди дека е направена во полициското возило додека ја воделе кон полициската станица.
Алјохина на Твитер напиша дека двете биле сместени во близина на црквата Свети Архангел Михаил и биле обвинети за кражба. Полицајците присилно ги сместиле во полициско возило, тврди Алјохина.
Толоконикова и Алјохина, кои се познати по жестоките критики што ги упатуваат кон рускиот претседател Владимир Путин, тргнале кон Сочи за да протестираат против лошата состојба на слободата на говор во Русија.
Двете активистки беа осудени на двегодишни затворски казни поради „хулиганизам“ и поттикнување верска омраза по перформансот во една московска катедрала, но беа амнестирани во декември 2013.
Извор: Окно/ CNN