Словачкиот истражувачки новинар кој известувал за даночна измама на деловни луѓе поврзани со владејачката партија најверојатно убиен е убиен во семејната куќа во текот на изминатиот викенд, соопшти полицијата. Со него беше убиена и неговата девојка, а случајот ја шокираше малата држава вo центарот на Европа, засилувајќи ги сомнежите на јавноста, објави Ројтерс.
27-годишниот Јан Кучиак, известуваше за сајтот „Aktuality.sk“ за повеќе случаи на измама, кои честопати вклучуваа бизнисмени кои имаат врски со владејачката партија и со други политичари. Тој и неговата девојка беа пронајдени мртви во неделата во неговиот дом во Велка Мака, на 65 километри источно од главниот град Братислава.
„Од достапните информации се чини дека најверојатната верзија за мотивот е дека е поврзан со истражната работа на новинарот”, рече началникот на словачката полиција, Тибор Гаспар.
Последната приказна на убиениот новинар е објавена на 9 февруари, во која ги разгледува новите сомнителни трансакции од страна на фирми поврзани со бизнисменот Маријан Коцнер и се поврзани со луксузен станбен комплекс во Братислава, кој минатата година стана центар на политички скандал.
Изградбата на комплексот лани предизвика протести на кои се бараше оставка на министерот за внатрешни работи Роберт Калинак, поради неговите деловни врски со агентот за недвижнини Ладислав Бастернак, кој е испитуван поради можно затајување на данокот.