Ученичката во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито“ од Скопје Aна Котевска е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија.
Котевска го освои златниот медал во категоријата на натпреварувачи на Б2 ниво. Првото место на јазични нивоа Б2, А2 и Б3 таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан.
Менторка на Котевска и е професорката Кристина Клиафа – Трпеска, која е класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.
Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини.
На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и ученичката Марија Стефановска.