Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски” од Охрид ќе биде домаќин на седмиот Меѓународен натпревар од областа на електротехниката и механотрониката овој викенд.
На натпреварот „Балкан јуниор 2019″ ќе учествуваат екипи со ученици и ментори на технички училишта од сите балкански држави, како и од Турција и од Романија. Учесниците ќе ги демонстрираат своите знаење и вештини во практичен и теоретски дел.
Целта на проектот е поврзување на стручните училишта од областа на машинството и електротехниката како и размена на нивните искуства, промовирање на меѓукултурната соработка и запознавање со начинот на образование и животот во други држави. Овој проект како свои цели ги има поставено унапредувањето на знаењето и споредување со други училишта, подигнување на нивото на знаења и компетенции на учениците и наставниците во средните стручни школи како и потикнување на креативноста.