Учениците од основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје засадија расади во саксии кои откако ќе изникнат, ќе ги засадат во училишниот двор каде ќе биде нивната градина. Ова тие го направија со помош на нивните наставнички Анета Павичиќ Аначакова и Силвана Арсова, во соработка со здружението „Дијалог“.
Идејата на овој проект е да им се покаже на децата како се садат растенијата.
„Погрешно е мислењето дека училишни градини не треба да има сред град, бидејќи е загадено. Но тие се тука за да не потсетат на еколошкиот момент и да се развива свеста. Ако не можеме да создадеме нешто што ќе го јадеме и ќе направиме салата, барем да ја развиеме свеста кај децата и родителите. Социјализацијата е најважниот момент кај училишната градина. Ние ќе им покажеме како се сади семето, а кога расадот ќе биде готов ќе ја направат нивната градина, која потоа треба да ја залеваат. За време на летниот период, може да се вклучат и родителите и комшиите“, вели координаторката на здружението „Слоу фуд Водно“, Василка Стефановска за еМагазин.
Здружението работи на проекти за едукација за училишни градини наменети за најмладите.
Учениците засадиле семиња од жалфија, босилок и магдонос. Во иднина учениците ќе учат како се обработува земја.
Целиот текст на следниот ЛИНК.