Учениците со попреченост во Општина Центар ќе добијат лични асистенти за време на летниот распуст

Општина Центар за време на летниот распуст за првпат ќе обезбеди лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот.

„Од ова лето, осум стручни лични асистенти ќе водат грижа за 14 дечиња со попреченост во развојот. Нивна задача е да им помагаат на децата и нивните родители во дневното извршување на обврските и да се грижат за нормално одвивање на секојдневието на децата. Личните асистенти ќе ги посетуваат домовите на учениците три пати во неделата“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Личните стручни асистенти, имаат за цел со употреба на различни модули да им дадат поддршка
на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки, и тоа: инклузија на децата со попречености во
образовниот систем, подобрување на нивната социјална интеграција, поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.