Критичарите на Кремљ вчера го поздравија храбриот ученик кој смело го поправи рускиот претседател Владимир Путин за презентирање на погрешен факт на децата на час по историја, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Петар Велики (1675-1725) не се борел во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна која траела 21 година, му рече ученикот на Путин.
Рускиот лидер му се заблагодари на момчето за исправката, но директорот на училиштето го предупреди ученикот поради „извесна дрскост“, пренесуваат руските медиуми.
Медиумите кои го критикуваат Кремљ и опозициските политичари ја пофалија ревноста на ученикот.
Портпаролката на затворениот дисидент Алексеј Навални, Кира Јармуш го критикуваше директорот кој верува дека училишатата не треба да подучуваат факти, туку „послушност и сервилност“, наведуваат медиумите.
Случката во средата, на првиот училиштен ден по летните одмори во Русија предизвика реакции во јавноста и го поттикна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков да го прокоментира случајот.
„Тоа не беше дрско. Во никој случај не се согласуваме со директорот на училиштето“, рече тој и додаде дека „се надева дека ученикот нема да биде казнет подоцна“.