Двајца тинејџери, ученици во средно училиште во американската држава Џорџија, се соочуваат со кривични пријави за „непристојно однесување на јавно место“, откако според обвинението, имале секс за време на ручекот во школската кафетерија, пред уште неколкумина нивни соученици.
„Една ученичка упатила понуда за секс до нејзин соученик за време на ручекот“, изјави портпаролката на училиштето Etowah во градот Вудсток, во близина на Атланта. Момчето изјавило дека мислело оти понудата е шега, но кога девојката почнала да ја претвора во дело, соученикот ја спречил.
Наводниот инцидент се случил на 10 октомври, а тој бил снимен на најмалку два мобилни телефони што со себе ги носеле учениците кои го гледале чинот. Иако нема докази дека видеото било споделено со други ученици, еден ученик за CNN изјавил дека тоа сепак било прикажувано надвор од групата која учествувала во инцидентот.
Најмалку седум момчиња и една девојка се вмешани, а еден од учениците наводно „ја предизвикувал“ девојката да го направи незаконскиот чин. Тие со своите тела го блокирале погледот, за останатите стотина ученици кои биле во кафетеријата да не видат што се случува.
Покрај кривичната одговорност, учениците се соочуваат и со дисциплински мерки во училиштето.