Средните училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование, одлучи Владата во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“.
Од Министерството за образование соопштија дека овие две училишта, со помош на ЕУ, ќе бидат целосно реконструирани.
Неделава предвидено е да се одржат и две регионални конференции со наслов „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“. Првата конференција ќе биде организиран денес во Струмица, а другата утре (21 декември) во Велес.
На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, Делегацијата на ЕУ, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот.