Уште едно училиште во Македонија остана без компјутери, откако видендов (меѓу 24-ти до 27-ми јануари)од ОУ „Алија Авдовиќ“ во село Батинци, украдени се 37 лап топи.
Настанот го потврди полицијата, од каде посочуваат дека преземале мерки за откривање на сторителот кој насилно влегол во училиштето и незабележително ја напуштил зградата откако ја извршил кражбата.
Ова не е единствената ваква кражба од почетокот на годинава. Пред неколку дена крадец влезе и во ОУ„Гоце Делчев“ во тетовското село Стенче тетовско, каде што биле украдени четири компјутери и два монитори. И тука сторителот насилно ја отворил влезната врата од училиштето, по што ги одзел компјутерите и заминал во непознат правец.
Три лап топи и еден 19 инчен ЛЦД монитор неа украдени и од кабинет на Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје. Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот го скршил прозорот и влегол внатре во кабинетот.
Пред Нова година пак, без компјутери остана и учениците од ОУ „Даме Груев“ во Битола од каде беа украдени 23 лаптопи.