Учителка во улога на ученик – Направив ужасна грешка

Да седиш цел ден и пасивно да слушаш е истоштувачки, е заклучокот на учителката Алексис Вигинс која веќе 15 години се занимава со оваа професија.

Учителка во улога на ученик – Направив ужасна грешка

„Направив ужасна грешка“, се зборовите со коишто го опишува нејзиното дводневно искуство како ученик во еден американски клас.

„Би сакала да можев да се вратам во секој клас со коишто сум имала предавања и да променам минимум десет работи – распоредот, планот за лекцијата, проверките за разбирањето на лекцијата“, вели Вигинс.

Според Вигинс, седењето на геометрија, бизнис и некои други научни предмети е фрустрирачки.

„Почнувате да ги сожалувате учениците на кои им се кажува одново и одново да обраќаат внимание бидејќи ја сфаќаш нивната реакција после седење цел ден“, напиша учителката на својот блог.

„Тоа е нешто навистина тешко, што не им го бараме често на возрасните да го прават тоа“.

„Замислете дека се наоѓате на неколкудневна конференција по цел ден и сетете се на тоа чувство кога ќе заврши денот – таа потреба едноставно да се исклучите, да се ослободите, или да сурфате на интернет и да комуницирате со пријателите“.

Според нејзиното истражување, дури 90 проценти од средношколците седат пасивно и слушаат за време на предавањата.

Вигинс предложи бројни промени како на пример да се вклучат кратки лекции, задолжително протегање на сред предавање и обрач за кошарка на задниот дел од вратата на училницата.

 

Извор: The Independent