Стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен нема да биде осветлен во боите на виножитото за последниот натпревар на Германија во групата против Унгарија на Европското првенство во среда, пренесува „Еуроњуз“.
УЕФА ја одби понудата на градскиот совет во Минхен за стадионот да блесне во боите на виножитото, велејќи дека ја разбираат намерата за предлогот, но „мора да го одбијат ова барање“ заради политичкиот контекст.
Предлогот на градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, е со идеја да се покаже солидарност кон ЛГБТ заедницата во Унгарија, откако земјата донесе нов закон, осуден како хомофобичен од страна на групите за човекови права.
Новата законска регулатива забранува споделување со малолетни лица каква било содржина што претставуваат хомосексуалност или промена на пол, со што сите спомнувања на геј и транс прашања се надвор од училишната програма.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во понеделникот го критикуваше предлогот на Минхен.
„Во Унгарија донесовме закон за заштита на унгарските деца, а сега во Западна Европа се фаќаат за тоа“, рече Сијарто во Луксембург.
„Тие сакаат да го изразат ова со вклучување на политиката во спортски настан, што нема врска со носењето на националните закони.”
УЕФА верува „дека дискриминацијата може да се бори само во тесна соработка со другите“.
Предложи Минхен да го осветлува стадионот со бои на виножито на 28 јуни за Денот на улицата Кристофер или помеѓу 3-9 јули за неделата на улицата Кристофер во градот. Ова е познато уште како родно место на модерното ЛГБТ движење.
Потегот на УЕФА предизвика критики, со онлајн петиција за поддршка на осветлувањето на стадионот „Алијанц Арена“ во боја на виножито.
Заменикот на главниот портпарол на ЕУ, Дана Спинант, рече дека Комисијата редовно го истакнува ЛГБТ знамето и дека сметаат дека е добра идеја да се покаже поддршка на заедницата на овој начин.
Но, таа рече дека „не биле во позиција“ да побараат од спортска организација да прикаже какви било посебни бои, инсистирајќи на тоа дека „тоа е дискусија помеѓу УЕФА и градот Минхен“.