На 16-годишна возраст вчера угина лавот Жика во скопската зоолошка градина. Лавот во Скопје беше донесен од зоолошката во Белград.
„Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина“, велат од ЗОО Скопје.
Оттаму додаваат дека сите заедно направиле се’ што можеле и дека лавот примал терапија, но дека не издржал.
„Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас“, додаваат оттаму.