Управата за јавни приходи (УЈП), ги информира корисниците на апликацијата „МојДДВ“, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки.
Од Управата соопштија дека прилагодената верзија на „МојДДВ“ е веќе достапна на „Епл Апстор“, додека Андроид верзијата е достапна на „Хуавеј Ап Галери“ а за „Плејстор“ се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Гугл.
Корисниците на апликацијата „МојДДВ“ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“.
Од УЈП информираа дека веќе ја почнаа исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од „МојДДВ“.