Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за учебната 2013/2014 година, ќе додели 240 стипендии, соопштуваат од универзитетот.
Корисници на овие стипендии, што традиционално се доделуваат секоја година, ќе бидат десетте прворангирани студенти – бруцоши на секој факултет.
Стипендијата опфаќа покривање на трошоците на едногодишното студирање.
На УКИМ годинава има 10.351 слободни места за студентите. Првиот уписен рок на овој универзитет е на 15 и 16 август, вториот е на 3 и 4 септември и третиот е на 17 септември.