Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува оглас за работа на проект ЕРАЗМУС+ во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
– завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии и познавање на втор светски јазик;
– работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;
– способност за кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.
Потребно е да се достават следниве документи:
– Кратка биографија со фотографија (Europass)
– фотокопија од диплома и уверение за положени испити;
– потврда за работно искуство со препорака;
Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време понеделник-петок од 08-16 часот.
Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на: е-mail: ukim.erasmus@ukim.edu.mk до 15 февруари 2018.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју.