Предавањата во зимскиот семестар од академската 2021/2022 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје продолжуваат да се одвиваат со комбинирана настава, односно онлајн и со физичко присуство. Ова е заклучок на вонредната седница на ректорската управа.
„Покрај ова, испитната сесија која е веќе тековна исто така продолжува комбинирано, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со запазени сите мерки за заштита од ковид. Понатаму, беше донесен заклучок за овозможување отворање на вакцинален пункт на на Универзитетот со цел олеснување на процесот на вакцинација на студентите и кадарот на УКИМ“, информираат од УСС УКИМ.
Оттаму посочуваат дека било разговарано факултетите сами да одлучат како ќе ја спроведуваат наставата.
Во меѓувреме, бараат од Владата да изготви протоколи за високото образование и да ги допрецизираат превентивните препораки и мерки за спречување на ширење на Ковид-19.