Музејот „Сингер Ларен“, кој се наоѓа близу Амстердам во Холандија, ги затвори вратите за посетителите во март поради националните рестриции за коронаворусот. Крадци влегле и украле слика од познатиот сликар Винсент Ван Гог, објави Дојче Веле.
Според музејот, станува збор за сликата која прикажува градина во Нуенен во пролет, позната и како „Пролетна градина“.
На прес-конференција за новинарите, директорот на музејот Јан Рудолф Де Лорм изјави дека сликата била позајмена од музејот Гронингер.
„Шокиран сум и неверојатно гневен“, рече Де Лорм на конференција за новинарите.
„Ова е многу лошо за музеите Гронингер и Сингер. Но пред сѐ овој настан нѐ погодува сите нас. Уметничките дела се тука за нас, да ги делиме сите, целото општество. Таа би требало да нѐ инспирира и теши, особено во овие тешки времиња“, додаде Де Лорм.
BREAKING: Dutch museum says Vincent Van Gogh painting was stolen in overnight raid. Reports say it was his “Spring Garden” painting that was taken. Ironically, March 30th is Van Gogh’s birthday…he would have been 167 today. #2NewsAM #LiveDesk pic.twitter.com/19XWuN00GR
— Jade Elliott (@JadeElliottTV) March 30, 2020
Иронично, вчера беше 30 март – роденденот на Ван Гог, кој би наполнил 167 години.
Локалните медиуми од Холандија известија дека сликата се проценува меѓу 1 и 6 милиони евра.