Од основното училиште „Никола Карев“ во крушевското село Алдинци синоќа се украдени 16 лаптопи, соопшти полицијата. Како што се наведува во полицискиот билтен, сторителот со употреба на физичка сила ја извршил кражбата. Засега тој останува непознат за надлежните, а се преземаат мерки за негово откривање, посочуваат од Министерството на внатрешни работи.
Годинава се чини беше плодна за крадците на училишни компјутери. Кражбата во крушевско Алдинци е само една во низата вакви слуувања во основните училиште низ другите градови во Македонија. Како поголеми годинава се споменуваат кражбите на 27 компјутери од основното училиште „Круме Кепески“ во Скопје, како и онаа на 37 лаптопи од училиштето во Батинци.