Украина испечати поштенска марка со мурал на Бенкси, на кој е претставено младо момче кое носи униформа за боречки вештини и превртува на земја постар маж во џудо.
Марката е издадена за да се одбележи една година од руската инвазија, пренесува „Гардијан“.
Муралот е нацртан од британскиот уличен уметник на разрушен ѕид во градот Бородјанка, кој се наоѓа северозападно од Киев, каде многу згради беа срушени до темел од руските бомбардирања.
Муралот е и асоцијација кон рускиот претседател, Владимир Путин, за кој е познато дека има црн појас во џудо.
Фразата „ЕБГ ПТН“ на кирилица е додадена на долниот лев ќош од поштенската марка.