Украинската Влада ја обвини Русија дека стојат зад уништувањето на браната Нова Каковка на реката Дњепар и повикаа луѓето кои живеат по течението на реката да се евакуираат од катастрофалните поплави кои може да следуваат.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки кои покажуваат дека срушен е поголем дел од браната и дека по текот на реката има огромен проток на вода.
Гувернерот на Херсонскиот регион, Олександер Прокудин, вели дека околу 16.000 луѓе се наоѓаат во „критична зона“ на десната страна од реката која е под контрола на Украина. Тој вели дека луѓето кои живеат во квартовите во близина на Херсон се евакуираат и ќе бидат пренесени со автобуси до градот, а потоа со воз до Миколаев и други украински градови.
Оваа катастрофа се случи на вториот ден од украинските офанзивни активности со кои се верува дека започнува големата пролетна контраофанзива. Рушењето на браната и поплавувањето на површините може силно да влијае на украинските планови за напади по воден пат преку реката.
Nova Kakhovka is going under water. pic.twitter.com/V3U9CI4wRC
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023
„Целта е очигледна – да се направи непремостлива пречка за напредокот на украинската војска… да се забави конечната разврска на војната. На голема територија, ќе биде уништен целиот живот и ќе се срушат многу населени места, а ќе биде направена огромна штета и на природата“, напиша на Твитер украинскиот претседателски советник, Михајло Подолјак.
Локалните руски власти во градот Нова Каковка првично негираа дека нешто се случило со браната, а потоа обвини дека рушењето се случило како последица на украинско гранатирање.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера свика итна седница на Советот за национална безбедност непосредно по рушењето на браната.
„Руски терористи. Уништувањето на хидроелектричната централа Каковка само потврдува дека тие мора да бидат отстранети од секој агол на украинска територија. Не смее да им биде оставено ниту еден метар, бидејќи тие ќе го искористат за терор. Само победа на Украина ќе ја врати безбедноста. И таа победа ќе стигне. Терористите нема да можат да ја запрат Украина, ниту со вода, ниту со бомби ниту со било што друго“, напиша Зеленски на Твитер.
Russian terrorists. The destruction of the Kakhovka hydroelectric power plant dam only confirms for the whole world that they must be expelled from every corner of Ukrainian land. Not a single meter should be left to them, because they use every meter for terror. It’s only… pic.twitter.com/ErBog1gRhH
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2023
Минатиот месец беше соопштено дека нивото на водата во резервоарите на хидроцентралата достигнало највисоко ниво во последните 30 години. Нова Каковка е еден од најголемите енергетски инфраструктурни објекти во Украина и снабдува со струја повеќе милиони жители во земјата.