Украина е под удар од хајери, а веб-страните на неколку државни институции, меѓу кои и министерството за надворешни работи и министерството за образование, се недостапни, пренесува „Гардијан“.
Државните функционери велат дека е прерано за било какви заклучоци, но посочуваат дека Украина долго време е под напад од страна на руски хакери, а последниот напад се случил во време кога безбедносните разговори меѓу Москва и САД и нивните сојузници оваа недела завршија во ќор-сокак.
Хакерите оставиле порака на веб-страната на министерството за надворешни работи.
„Украинци! Сите ваши информации станаа јавни. Бидете исплашени и очекувајте полошо. Ова е вашето минато, сегашност и иднина“, се вели во пораката.
Заедно со текстот било објавено и украинско знаме и мапа.
„Како резултат на голем хакерски напад, веб-страните на министерството за надворешни работи и неколку други институции не се во функција. Нашите експерти веќе започнаа со покревање на системите, а одделот за сајбер-криминал започна истрага“, изјавил портпаролот на министерството за надворешни работи, Олег Николенко.