Граѓани и активисти од Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и Гевгелија спроведоа улична акција против непотребните трошења, а на властите им порачаа:„Наши пари за наши потреби!”.
„Палмите кои никнаа низ градовите се уште еден симбол за трошењето на чоколада кога немаме ни за леб. Палмите се скапи да се набават, скапи за одржување, бараат посебна заштита и може да влијаат врз нарушување на природната рамнотежа во областите каде што се насадени. Во време кога граѓаните страдаат, купувањето палми е луксуз и глупост“,, порачуваат активистите.
Граѓаните посочија што можеше да се направи со парите кои беа потрошени на палмите. Граѓаните знаат дека со парите од палмите можеше многу подобро!
На палмите во Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и Гевгелија утрово можеа да се прочитаат следниве пораки:
– Со парите потрошени на палмите можеше да се исчисти троската позади велешкаата Топилница!
– Со парите од палмите Гевгелија можеше да добие нови водоснабдителни бунари и да се спаси од Арсенот!
-Со парите потрошени на палми можеше да се реновира прилепската болница!
– Со парите од палмите можеше да се уреди парк-шумата Гази Баба!
-Со парите од палмите струшката вода можеше да се хлорира и да биде исправна за пиење во наредните 10 години!
– Со парите од палмите можеше да се излекуваат десетици деца од тешки болести!
Погледнете ја галеријата: