Уличната уметност во западниот свет одамна е средство за „освежување“ на урбаниот амбиент. Но, судејќи според овие фотографии од Белград, ваквиот тип на уметност полека ги освојува и просторите близу нас. Изминатите години, цртежи, мурали и графики се појавија на белградските улици, а неретко тие прекриваат цели згради.