Во несекојдневен уметнички проект кој се одвива во германскиот град Франкфурт, графити-уметници ги изразуваат своите ставови за актуелни теми, меѓу кои очекувано, најмногу простор зафаќа европската монетарна и економска криза. Уметниците прилично остро ги критикуваат европските политички лидери, кои се претставени како измамници и криминалци.
Куриозитет во проектот е тоа што графитите се наоѓаат на градилиштето на новата зграда на Европската централна банка, а оваа институција дури и го помогнала уметничкиот проект со 10.000 евра. ЕЦБ, заедно со лидерите на земјите од Еврозоната, многумина ја сметаат делумно виновна за кризата на еврото, поради која без работа останаа милиони луѓе на стариот континент.
Извор: Wall Street Journal