Дијаметрално белите уметнички дела никогаш не изгледале толку поканувачки: Скулпторот Бен Фостер од Нов Зеланд создаде алуминиумски форми на животни користејќи современи геометриски форми.
Скулптурите се со иста големина како вистинските животни кои ги прикажуваат, а Фостер ги фотографираше на повеќе живописни места низ Нов Зеланд.
Највпечатливата работа во врска со животните е како тие се менуваат во зависност од аголот на гледање: сенките и светлината кои се одбиваат од нив може да ги направат да изгледаат дека се составени од триаголни форми, но ако малку се премести аголот тие имаат поеднаква боја и текстура.
Други уметници како Аран Грегори исто така си поигрувале со животински и геометриски форми (кај неговите скулптури се користеа огледала), но Фостер создаде искуство околу своите животни со добро направени фотографии на прекрасните пејзажи.
Сите скулптури и фотографии може да се погледнат на сајтот на Бен Фостер.
Извор: theverge.com