Уметница од Шкотска 12 часа помина во изработка на цртеж, поставувајќи нов светски рекорд.
Шкотската уметница Јохана Басфорд го започнала трендот на боенки за возрасни, а сега го сруши светскиот рекорд за најголем цртеж направен од поединец.
Таа се врати во нејзиното поранешно училиште каде изработи огромна цветна слика на ролни хартија на подот од спортската сала. Цртежот се протега на повеќе од 500 квадратни метри.
Јохана, која студирала на Колеџот за уметност и дизајн во Данди вели: „Сакам да ги охрабрам луѓето да ги остават своите телефони и да ги земат моливите“.
„Уметноста е прекрасен начин за полнење енергија и опуштање, нешто што сите треба да го правиме повеќе“.
Претходниот рекорд за најголем цртеж направен од поединец го држеше Аман Синг Гулати, со цртеж распространет на 410 квадратни метри.