Шенгенска Листа е уметнички проект на хрватско-мексиканскиот пар Нели Ружиќ и Ерик дел Кастилјо, кој биде завршен и изложен во моментот кога ќе стане нефункционален, со влегувањето на Република Хрватска во Шенгенскиот простор. Проектот се состои од неколку денови бесплатно сместување во домот на уметнциите, во улицата Босанска бр. 2 во Сплит, со цел да се создаде простор за интелектуален и уметнички дијалог. Времето кое го поминуваат заедно ќе биде документирано преку видео-интервјуа, фотографии, семејни фотографии снимени кај професионален фотограф и бележење на разговорите, јавува Окно.
„Обичната шенгенска виза издадена на странски државјани им овозможува слободно движење во Шенгенските зони во период кој не надминува повеќе од 90 дена. За странците од трети држави кои сакаат легално да останат во Шенгенскиот простор, неопходно е да излезат од него за да им се отвори можност за повторно добивање Шенгенска тримесечна виза. Бидејќи Република Хрватска сè уште не е интегрирана во Шенген зоната, ние им нудиме уметничка платформа на лицата кои поради таа причина мораат накратко да го напуштат Шенгенскиот простор за повторно да се вратат во саканата земја од ЕУ. Нè интересира да го преиспитаме концептот на границите, како и на геополитичкиот, географскиот и културниот поим, кој ја означува разликата меѓу ограничената подвижност за одредени лица и слободното движење за други. Шенгенската граница, наречена и ‘Тврдина Европа’, делува преку обрасци на инклузивност и исклучивост, во зависност од геополитичките и економските услови на местото на потекло“, објаснуваат уметници во описот на проектот ја поставуваат неговата контекстуална рамка.
Како интеркултурно (мексиканско-хрватско) семејство, со двојно мигрантско искуство (заминување и враќање) тие го истражуваат поимот на хибридните идентитети и проширениот концепт на семејство. 14 години живеат во Мексико Сити, а последните две години со своите 2 деца се во Сплит, град кој за време на војната во деведесеттите беше прифатилиште на бегалците и база на хуманитарните организации, а сега е важна туристичка дестинација. Уметниците велат дека сакаат да создадат простор за интеркултурен дијалог и да го преиспитаат концептот на границите, мигрантската поетика и политиката на миграција, но истовремено и да го деконструираат репрезентацискиот апарат на локално врамената стварност.
„Намерата со овој проект ни е да укажеме на политичките и етички аспекти на уметничкиот труд. До сега имавме двајца гости и двајцата успешно се вратија во Шенгенскиот простор. Во текот на овој месец сакаме да отвориме некои други прашања, како: односот помеѓу туризмот и миграцијата и сложените односи меѓу (т.н.) Третиот, Вториот и Првиот свет. Примајќи гости во нашиот дом во центарот на градот, сакаме да создадеме енклава на отпорот на континуираната апартманизација и гентрификација на старите градски јадра.“додаваат тие.
Проектот можете да го следите на фејсбук страницата Schengen List.
Извор: Окно