Иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“ и ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена со соопштение до јавноста реагираат дека Уредбата на Владата за финансиска поддршка на уметниците и културни работници не ги содржи сите нивни предлози.
Уредбата излезе во Службен весник на 28 мај и се однесува на последното барање за поддршка од 14.500 денари за април и мај.
Од иницијативата и ЈАДРО потенцираат дека оваа Уредба е последна активност како дел од нивните досегашни барања кои беа поднесени за итно надминување на кризата со коронавирусот, а кои беа преговарани, и во координација со институциите разработени во предлози и уредби.
Повеќето барања се прифатени на нивно задоволство, но за жал, велат тие, освен што не ги содржи сите нивни предлози, Уредбата е променета пред да се донесе пред владата.
„Уредбата не ги содржи нашите барања да се вклучат во поддршката и вработени во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата, а тие лица не се опфатени со оваа, а и ниедна друга мерка и уредба. Исто така, критериумите за добивање на средства се уредени според Министерството за култура и не ги содржат сите наши сугестии“, стои во реакцијата.
Што се однесува за другите барања, договори и мерки, апелираат и бараат навремена имплементација и ефективност на институциите во реализирање на договорените мерки и предлози.
Сите нивни барања може да се видат тука: ИНФОРМАЦИЈА-за-медиуми-Уредба-и-останати-барања.docx.
Претходно ЈАДРО, иницијативата со поддршка на Синдикатот на културата до Владата и Град Скопје поднесе Барање за воведување на специјални мерки за помош на домашната вонинституционална културна сцена како резултат на кризата со корона вирусот.
Културни работници бараат специјални мерки за вонинституционалната културна сцена