Двајца уметници неодамна оставиле бели качулки – познати како „униформа“ на Кју Клукс Кланот, руско знаме, разгледници со Путин и слични предмети, во знак на протест кон претседателот Трамп, во неговата позната кула во Њујорк.
Во разгледниците со Путин, пишува дека тој е 45-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.
„Мислевме дека туристите кои доаѓаат да си купат нешто, особено луѓето од другите земји, треба да ја знаат целосната приказна за тоа кој е претседателот, бидејќи предметите во Трамп кулата не ја прикажуваат личноста правилно“, вели еден од уметниците, кој побарал да остане анонимен.
Инаку, меѓу вистинските сувенири кои можат да се купат во продавницата, има Трамп фигура, „Лиценца за прва дама потпишана од Меланија Трамп“ и подлога за глувче со сите 45 американски претседатели, манжетни со негов потпис, голферска опрема и касичка во форма на златник на која пишува Трамп.
Лажните сувенири стоеле во продавницата околу еден час, а биле отстранети откако еден турист се „обидел да си купи смешна разгледница со Путин“. Потоа, обезбедувањето забележало што се случува и ги исфрлил лажните сувенири.
„Секогаш кога мислиш дека ќе го исмееш Трамп за нешто, тој ја надминува и пародијата“, објаснуваат уметниците. „Сè уште не почнал да продава бели качулки, но после тој луд говор кој го даде после Шарлотсвил, мислам дека ако може да заработи доволно пари, ќе почне“.