На 21 и 22 декември, учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ го организираат „Уметникум“, нивниот прв предновогодишен фестивал. Со него, тие ја затвораат сезоната на настани за годинава.
Учениците најавуваат богата програма и многу забава.
На првиот кат во гимназијата, во тек на целиот настан ќе може се посети галерија на фотографии и слики каде група слободни уметници ќе се претстават со свои дела.
Во петок од 18:45, во Свечена сала во гимназијата, ќе се претстават учениците од гимназијата „Орце Николов“ со нивната претстава „Образование, абе ајде!?“. Истиот ден, во 21:30, специјален настап ќе има и танчарската група Веаtrix.
За музичкиот дел, пак, досега се најавени бендовите „Точак“ и Школскиот бенд на РЈК.
Целата програма ќе биде објавена на официјалниот Фејсбук настан на фестивалот.