Дворот на Фредерик „Хенк“ Робар, како и многу други во Потсдам, Њујорк, изобилуваат со колекција од порцелански тоалетни шолји од кои никнува цвеќе. Но, тој со години води битка за да ги зачува своите ткн. „тоалетни градини“.
Робар својата прва ваква градина ја создал во 2004 година, како форма на протест откако градот му го одбил барањето за промена на зоните, со што би му дозволиле да ја продаде парцелата на компанијата за кафе и крофни „Dunkin’ Donuts“.
Со тек на време, неговите градини кои никнуваат на празни парцели каде обично биле срушени куќи, станаа популарни па така може да ги најдете и на мапата „Atlas Obscura“ за чудни дестинации, или пак на маички од 25 долари на „E Bay“.
Сепак, локалните власти баш и не се среќни со неговите уметнички инсталации. Низ години имало неколку, неуспешни, обиди да се отстрани неговата тоалетна градина. Во 2010 година, на пример, претседателот на судот кој го водел случајот си поднел оставка поради обвиненијата за употреба на кокаин. Во 2015, пак, локалните власти ја започнаа идејата да ги острануваат „грдите“ имоти, вклучително и на Робар, но и тоа не успеало.
Во 2018, властите донеле построг закон со кој се ограничуваат необичните станови и домови. Но, за Робар, неговите градини не се ѓубре, туку уметност и оттогаш најави дека ако треба ќе ангажира адвокат за пред суд.
Тој деновиве повторно е на насловните страници од локалните медиуми. Според нив, локалните власти се состанале за да го разгледаат неговото прекршување на законот на дури седум други имоти. За нив, неговите градини значат акумулирање, прикажување или чување отпад на отворено и бараат секоја од веце шолјите да биде отстранета.
Аргументот на адвокатот на Робар, Марк Снајдер, е дека законот е направен да го опфати Робар и дека со него може да се крши неговото право на протест, неговата слобода да зборува слободно, неговата слобода на изразување, неговата идеја за тоа што е уметност.
Меѓутоа, сагата со тоалетната градина не завршува овде. Властите повторно ќе се состанат и ќе разговараат за ова прашање на друг состанок следната недела.
Извор: VICE