УНЕСКО со порака по повод светскиот ден на книгата

„Во време кога училиштата низ целиот свет се затворени, а луѓето мораат да го ограничат излегувањето од своите домови, моќта на книгите треба да се употреби во борбата со изолацијата преку проширување на нашите гледишта, како стимулација на нашата креативност и зацврстување на меѓучовечките односи“, гласи дел од соопштението на УНЕСКО по повод Светскиот ден на книгата.

Според УНЕСКО, за време на месец април, но во текот на годината, многу е важно да се оддели време за самостојно читање, но и за читање приказни на децата. Оттаму додаваат дека ова е погодно време за да се слави важноста на читање книги, да се промовира љубовта кон читањето и тоа да се интегрира во работните процеси.

„Преку читањето и славењето на Интернационалниот ден на книгата, 23 април, можеме да се поврземе со другите и покрај социјалната дистанцираност и да патуваме насекаде благодарение на имагинацијата“, истакнуваат од УНЕСКО.

Од почетокот на овој месец, па сè до крајот на годинава, УНЕСКО споделува цитати, поеми и пораки кои ја симболизираат моќта на книгите и повикуваат на читање.

УНЕСКО ги повика учениците, наставниците и читателите ширум светот, но и книжевната индустрија и библиотеките да се придружат на акцијата и да ги споделат своите пораки преку хаштазите #СедиДома (#StayAtHome) и #СветскиДенНаКнигата (#WorldBookDay).

 

 

View this post on Instagram

 

Интернационалниот ден на книгата го одбележуваме со видеото на архиварот Еван Еарл од Универзитетот „Корнел“, во кое тој ја покажува копијата на книгата „Ким“ од Рудијард Киплинг, издадена во 1925 година. Книгата припаѓа на одделот во „Корнел“ посветен за ретки ракописи и содржи таен пејсаж нацртан во позлатените краеви на страниците, техника на цртање наречена „fore-edge“. Книгата е дел од ликовните серијали на уметницата позната како госпоѓица Каролајн Билин Кјури односно C.B. Currie #radiomof #книги #УраЗаКултура #ИнтернационаленДенНаКнигата #литература #мквести #инставести #instanews #internationalbookday

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on