Студенти во Унгарија го блокира главниот влез на Универзитетот за театарска и филмска уметност (СЗФЕ) во знак на протест поради владините реформи, со кои стравуваат дека ќе се наруши академската автономија, јавува „Еуроњуз“.
Ректори и другите претпоставени на универзитетот кој постои 155 години поднесоа оставки кога законот, усвоен претходно годинава, ја промени сопственоста на универзитетот и го направи приватна фондација.
Фондацијата е управувана од одбор предводен од конзервативниот театарски режисер Атила Видњански, кој се смета за близок до премиерот Виктор Орбан.
Студентите закачија транспаренти на универзитетот на кои пишуваше „Слободен СЗФЕ“, „Не слушаме“ додека го облепија влезот на зградата во Будимпешта, како дел од протестот кој траеше најмалку три ноќи.