Речиси 800 милиони деца ширум светот сè уште не се вратиле во училишните клупи, поради пандемијата со коронавирусот, предупреди Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), пренесува „Ал Џазира Балканс“.
УНИЦЕФ предупреди на можноста дека, како што одминува времето, голем број деца никогаш нема да се вратат на стандардното одржување настава.
Шефот на одделот за образование на агенцијата, Роберт Јенкинс за британски „Гардијан“ дека затворањето на училиштата е дел од незамисливо нарушување во образованието на децата.
„На врвот на пандемијата 1.6 милијарди деца не одеа на училиште, а еве не една година подоцна, и 800 милиони деца се уште страдаат од делумно или целосно нарушен процес на образование“, рече Јенкинс.
Истовремено, тој посочи дека мора да се испита кои се последиците по децата од затворањето на училиштата.
Пандемијата со Ковид-19 имаше големо влијание на животните навики на учениците, а прекинот на работата на училиштата или прилагодувањето со методите на учење на далечина принудија деца во некои земји да работат, предупредуваат групите за човекови права.