Хигиеничар уништил декади од истражувачка работа откако го исклучил лабораторискиот ладилник во кој биле сместени уникатни примероци, јавува „БиБиСи“.
Според адвокатите, хигиеничарот го исклучил ладилникот поради „досадните звуци“, па уништени биле примероци кои се чувале на температура од -80 степени, со што била предизвикана штета од еден милион долари, велат адвокатите.
Начелно, настанот се случил во 2020 година во Политехничкиот институт „Ренселаер“ во Њујорк, кога институцијата најмила приватна компанија за одржување на просторот, договор кој чинел 1.4 милиони долари.
Според адвокатите на институтот, тужена ќе биде приватната компанија за одржување на хигиена, поради недоволен тренинг на вработените.
Тие дополниле дека се работи за истражување со фокус кон фотосинтезата, а што може да донесе нови иновации во производството на соларни панели.
„Поголемиот дел од примероците што требаше да се чуваат на -80 Целзиусови степени се компромитирани без можност за обновување, со што се става приморан крај на истражување долго 20 години“, се вели во правните документи, дополнувајќи дека температурата нагло била зголемена на 50 степени Целзиусови.