Италијанскиот скулптор Вили Вергинер создава скулптури од дрво, парчиња кои му овозможуваат да ја истакне својата вештина за резбарење, додавајќи едноставни комбинации на боја.
Скулптурите обиени со портокалова, зелена и сина боја, ги поставуваат неговите објекти во невидени средини, како на пример, неговата скулптура на мало дете, кое се обидува да плива низ остатоци од ѓубре претставени со темно сина боја.
Но, и другите скулптури го нагласуваат распаѓањето на животната средина, како фигурата што се држи на канта за бензин, како и еленот што ја менува бојата при контат со канистерот за нафта.
Најновите дела на Вергинер се дел од групна изложба која ќе биде поставена во април, во Детроит.