Под мотото „Секое дете има значење“ денеска УНИЦЕФ апелира за поголеми напори и иновации, со цел да се идентификуваат и да се посочат пропустите поради кои 2,2 милијарди деца во светот се во нерамноправна положба во однос на нивните права.
Во извештајот објавен пред одбележувањето на 25-годишнината на Конвенцијата за правата на децата се истакнува дека е постигнат голем напредок во заштитата на правата на децата, но оти се уште сите деца немаат еднаков пристап до услугите и заштитата.
„Благодарение на податоците стана можно да бидат спасени и да им се подобри животот на милиони деца. Може да биде постигнат понатамошен напредок само ако ние знаеме кои деца се занемарени, каде момчињата и девојчињата не одат на училиште, каде има распространети болести или каде недостасуваат основни хигиенски услови“, истакна Теса Вордлоул, началник на одделението за податоци и анализи на УНИЦЕФ.
Од 1989 година кога е потпишана Конвенцијата на ОН за правата на детето постигнат е огромен напредок во таа област, но од податоците се заклучува дека има пропусти и нееднаквости, како и дека придобивките не се подеднакво распределени.
Во извештајот на УНИЦЕФ „Положбата на децата во светот за 2014 година“ се истакнува:
– Намалена е смртноста на децата пред да навршат пет години, а тоа се должи на пристапот до имунизација, здравствената грижа, вода и санитарни услови.
– Подобрената исхрана довела до пад од 37 проценти на забавување на растот во споредба со 1990 година.
– Запишувањето во основно училиште е зголемено и во најслабо развиените држави. На пример во 1990 година само 53 деца од 100 земји посетувале училиште, а во 2011 година нивниот број се искачил на 81 од 100.
– Околу 6,6 деца под пет години починале поради кршење на правото на живот и на развој.
– Петнаесет проценти од децата во светот се принудени да работат, со што се нарушува правото на заштита од економска експлоатација и правото да учат и да играат.
– Единаесет отсто од девојчињата се омажени пред 15 година, со што се крши правото за здраствена грижа, образование и заштита.
– Речиси трипати (2,7) е помала веројатноста најсиромашните деца да се родат во присуство на акушер во споредба со најбогатите, со што нивните мајки се изложуваат на опасност по живот.
– Во Нигер само 39 проценти од селските домаќинства имаат пристап до вода за пиење.
– Во Чад на сто момчиња кои се запишуваат во средно училиште, наспроти 44 девојчиња.