Поради оштетување на внатрешниот дел од кровната конструкција, Универзалната сала ги откажува сите закажани манифестации, соопштуваат оттаму.
Во соопштението се наведува дека поради временските прилики и обилните дождови бил оштетен таванот во салата за публика и затоа се приморани сите манифестации да ги откажат додека не се создадат услови за работа.
„Повикани се надлежни институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде соодветно решение“, соопштија од Универзалната сала.