Програмата на Универзитетот „Орал Робертс“ во Оклахома бара од сите нови студенти да ги носат алките на компанијата Fitbits, кои мерат број на чекори, квалитет на спиење, отчукувања на срцето, и други лични параметри.
Според NBC News, програмата бара новите студенти да ги споделат овие податоци со унивирзитетот. Податоците можат да влијаат на оценките на студентите, врз основа на нивната физичка активност.
Според надлежните во универзитетот, ова претставува продолжение на веќе постоечкиот систем со кој студентите сами ги наведуваат овие податоци, но сега ова ќе се следи автоматски и ќе се испраќа со помош на овие уреди.
Голем дел од студентите сметаат дека овој чекор е навлегување во нивната приватност, со тоа што се бара од секого да носат нешто што ги следи постојано.
Тоа е особено загрижувачки имајќи предвид дека податоците од Fitbit можат и веќе беа употребени како докази, во случај со силување на една жена.
Според локалните медиуми, новите 900 студенти мора да направат 10 000 чекори дневно. Од универзитетот информираат дека системот функционира „без разлика каде се наоѓаат студентите“.
Студентите од овој универзитет можат да го купат „локаторот“ за 140 долари во универзитетската продавница.
Крајната цел на универзитетот е да собира податоци во наредните години со цел да ја истражи поврзаноста помеѓу физичката активност и академскиот успех.