Во овој подкаст „Ура за култура“ ве носиме во светот на алтеранативната музика. Свет во кој постојат огромен број млади артисти и бендови. Водени од сопствената креативност и неограничена ризница на идеи, прават музика која се противи на стандардните норми, меѓутоа се соочуваат и со проблеми.
ЕПИЗОДА 4
Во подкастот зборуваме со Conspiracy, The Local Blue и Matej Foltz.
ЕПИЗОДА 3
Претставата, концертот или филмот што ќе го погледнете на некој фестивал е резултат на бескраен број часови аплицирања за финансии, лобирања, креирање на програмата и договарања. Нашите соговорнички во новиот подкаст #УраЗаКултура ги споделуваат предизвиците низ кои поминале изминатава деценија при организирање на фестивал, но и за идејата што сè уште ги држи активни.
Во подкастот се вклучија Петрула Велјановска од „Македокс“, Марија Стојанова од „БОШ фестивал“ и Кристина Тодоровска Петреска од „ДримОН“.
ЕПИЗОДА 2
Ако решиш да црташ, или да се бавиш со уметност како стрип, графити, илустрации, тогаш тоа прави го посветено, со сето срце и за свој кејф. Со оваа фраза ќе се согласат нашите соговорници во овој подкаст #УРАЗАКУЛТУРА, со кои разговаравме за можностите, мотивите, понудениот просторот и слобода што ја имаат додека работат на своите дела.
Во подкастот зборуваме со Брадестиот Џо од „Сеир и ништо“, младиот стрип уметник Никола Панов, Ѓорѓе Јовановиќ и Руки Чуки.
ЕПИЗОДА 1
Иницијативите за оживување на киното во старата Железничката зграда и иницијативата на „Културно ехо“ за ревитализација на индустриски објекти се во фокусот на нашиот прв од серијата подкасти #УраЗаКултура. Емисијата е посветена на напуштени и заборавени простори, како потенцијал за колективен ангажман и за нови, неискористени можности за заедницата.
Зборувавме со уметникот Филип Јовановски, чичко Бајо од Железничката зграда и дечките од „Културно ехо“ – Симона Димковска, Кристијан Караџовски и Мартин Атанасовски.