На првиот „Urban legendS festival“ кој ќе се одржи на 21 декември, сабота, со почеток во 20 часот во „Лабораториум“, ќе настапи хип хоп триото „Bad copy“, а диџеј сетови ќе пуштаат диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк.
„Главни ѕвезди на вечерта се ‘Bad copy’ (Ајзек, Скај Виклер и Тимбе), легендарните мајстори на балканската хип хоп сцена. А, специјални гости на вечерта се основоположниците на македонската хип хоп сцена диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк“, велат организаторите на настанот „44 Евент Мк“.
Билетите може да се набават на линкот, како и во „Лабораториум“, а можат да се направат и резервации на телефонските броеви 076/200-904 и на 078/628-437.