Од 10 до 12 јуни 2016 година, под отворено небо кај Градскиот парк, главниот град ќе ги здружи своите маала и ќе ги соедини младите во масовно урбано будење. Преку креативност, преку интеракција и преку музика низ двата дена на „Скопје стрит фестивал“ по четврти пат ќе се буди урбаниот пулс на градот. Фестивалот е во организација на здружението на граѓани за организирање на настани, Подиум Скопје.
Како и минатите години, на Скопје стрит фестивал ќе има шест стејџа: стрит бол, денс стејџ, графити стејџ, скејт/блејд/БМХ, игло работилници и музички стејџ. Директно од Холандија, за првпат ќе настапи DJ Propo’88 The Insomniac, кој ќе одржи и работилница во рамки на фестивалот. За првпат, на главниот музички подиум ќе настапи македонската диско-панк-рок формација The John, заедно со DJ Geto Rudi и DJ Slave.
Како дел од фестивалот, 10 уметници од Македонија ќе учествуваат на Red Bull Curates проектот. Тие во живо ќе создаваат уметнички дела на фрижидери, а по исцртувањето, во сабота, со почеток во 12 часот публиката ќе може да гласа за своето омилено дело. Прогласувањето на победниците е во недела попладне.
Програмата за четвртото издание на единствениот отворен фестивал за градење на улична култура Скопје стрит фестивал, може да ја проследете во продолжение: