Најгледаната театарска претстава во регионот „Црногорец во кревет“ во режија на Пеѓа Шушкавчевиќ доаѓа на репертоарот на Универзална сала во вторник со почеток од 20 часот.
Урнебесната двочасовна комедија која ги обиколи сите поранешни ЈУ простори, доаѓа и на македонската сцена со цел на духовит начин да ги претстави црногорските обичаи, со сите маани и доблести на црногорскиот човек.
Во главните улоги се Лала Новаковиќ и режисерот на преставата, Пеѓа Шушкавчевиќ.