УСАИД отвори нов Кариерен центар во средно училиште за ученици со попреченост

 

Проектот на УСАИД, Младинска Мрежа за стекнување вештини за вработување – Мрежа ЈЕС отвори Кариерен центар во средното стручно училиште за ученици со интелектуална попреченост Св. Наум Охридски од Скопје. Ова е еден од четирите Кариерни центри во државни средни училишта за ученици со попреченост низ целата држава каде УСАИД помогна во реновирање и опремување. УСАИД обезбеди мебел, ИТ опрема, асистивна технологија за ученици со попреченост и пристапни материјали поврзани со карира во во 48 редовни и 4 посебни државни училишта за ученици со попреченост.

„Кариерините центри во сите овие училишта имаат асистивна технологија која им овозможува на учениците со попреченост да читаат, пишуваат, цртаат и гледааат видеа поврзани со кариера со помош на компјутер. Ние ги обучивме професорите кои работат во овие центри, да ги подготват своите ученици за работниот свет учејќи ги на основните вештини кои ќе им помогнат да најдат, но и да задржат работа“, истакна на денешното отворање директорот на Канцеларијата за Развој на УСАИД, Мајкл Стивејтер.

Како што појаснуваат од УСАИД, главната цел на Кариерните центри е да им помогне на младите да ги добијат потребните вештини за успешно да најдат работа. На младите со попреченост овие вештини им се од особено значење, бидејќи имаат помалку можности да се подготват за работниот свет пред да го напуштат училиштето и надјат работа, во споредба со своите соученици без попреченост.