УСБ во кое ќе може да се зачува целиот компјутер

Компанијата Intel работи на создавање на УСБ-стик во кој ќе може да се зачува целосен компјутер Windows 8.1.

УСБ-то ќе содржи атом процесор, простор за складирање од 32 гигабајти, 2 гигабајти RAM меморија, Wi-Fi и Bluetooth. Стикот ќе биде ставен на продажба во почетокот на оваа година.

Паралелно со ова, ќе се појави и Linux верзија која ќе содржи половина од RAM меморијата, една третина простор за складирање од онаа на Windows 8.1 и ќе се продава по пониска цена.

Intel постојано работи во намалување на нејзините компјутерски производи. Нејзиниот нов Quark SE SOC  систем ќе помогне во револуцијата на преносните уреди.