Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19.
Од нив, во Скопје Скопје – 247, Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82г,79г,64г и 51г), 2 починати лица од Куманово (81г и 49г) и по едно починато лице од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 497 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи се во Скопје 3177, Куманово 433 и Велес 316.