Деновиве успешно помина тестирањето на првиот комерцијален електричен авион во светот. Тој леташе десетина минути од Ванкувер со шест патници. Станува збор за производ на канадската компанија Harbour Air во соработка со компанијата magniX. Компаниите заеднички го тестираа патничкиот авион на реката Фрејзер во близина на Ричмонд.
Today, we made history. Launching the world’s first electric commercial aircraft retrofitted with a 750 horsepower all-electric magni500 propulsion system. Thank you to our amazing maintenance team and our partners at @MagniX for all your efforts! Together, we did it! 👏 #ePlane pic.twitter.com/Rhw35BRnqB
— Harbour Air Seaplanes (@HarbourAirLtd) December 10, 2019
Авион има 750 коњски сили, а со него управуваше извршниот директор и основач на Harbour Air, Грег Мекдугал. Пробниот лет е првиот чекор кон добивање сертификат за електричниот авион за комерцијална употреба, но и прв чекор кон изградба на првата комерцијална флота од електрични авиони во светот. Од Harbor Air се надеваат дека ќе можат целата флота да ја оформат до 2022 година. Моментално авионската индустрија е одговорна за 2% од глобалната емисија на CO2 и е еден од најбрзорастечките загадувачи.