Од Универзитетското студентско собрание (УСС) при соопштија дека ќе побараат мерки за заштита на студентите од поскапувањето на цените за меѓуградските автобуските билети.
Оттаму објаснуваат дека меѓуградскиот превоз поскапува во време кога барањето за бесплатен железнички превоз е игнориран и домувањето во Скопје е особен луксуз за семејниот буџет на студентите кои не се од градот.
„Заштитата на студентите и студентскиот стандард треба да се први на листата на приоритети на една држава која сака да напредува и да се извлече од оваа криза! Од овие причини ќе бараме состанок со надлежните институции за заеднички да изнајдеме решение и начин за да ги заштитиме студентите од поскапувањето на цените“, велат од УСС.